Алкалоид го организира четвртиот хуманитарен пикник

25

alkaloid

Фармацевтската компанија Алкалоид во комплексот Бест Вестерн – Хотел Белви утре од 11 до 15 часот го организира четвртиот хуманитарен пикник.

На пикникот ќе присуствуваат вработените на Алкалоид АД Скопје, членовите на нивните семејства и/или нивни пријатели кои ја искажаа својата хуманост донирајќи средства во Фондацијата “Трајче Мукаетов“.

Собраните средства ќе бидат наменети за опремување на Одделот за неонатална интензивна нега на Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар “Мајка Тереза“ во Скопје.