Алкалоид ја надополнува базата на кандидати за работа во повеќе оддели

414

Фармацевтската компанија Алкалоид има потреба од надополнување на базата на кандидати за потребите на неколку оддели и тоа во: Производство – Фармација, Производство – Хемија, козметика и билка, Фармацевтски – корпоративен развој, Контрола за квалитет – Фармација и Обезбедување квалитет.

“Доколку сакате да бидете дел од тимот на модерна фармацевтска компанија, која се грижи за своите вработени и доколку ги поседувате потребните квалификации, пријавете се“, порачуваат од Алкалоид.

Алкалоид ќе ги препознае кандидатите кои имаат завршено високо образование со звање: магистер по фармација, лабораториски биоинженер, хемиски инженер и технолошки инженер, а со завршено средно образование со звање: фармацевтски и хемиски техничар.

Заинтересираните кандидати може да испратат писмо за мотивација, CV и копии од сертификати и дипломи на електронска адреса: career@alkaloid.com.mk или со пополнување на виртуелна апликација на https://career.alkaloid.com.mk (со назнака за која работна позиција аплицирате).

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45 дена од завршувањето на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати, во согласност со член 23 од Законот за работни односи.

Огласот трае до осми овој месец.

Фото: Facebook