Алкалоид, Комерцијална банка и НЛБ Банка најтранспарентни компании на берзата

45

konferencija-na-makedonska-berza

Фото: Македонска берза

Македонска берза, во рамки на 18-тата годишна конференција, ја додели наградата Кристално ѕвоно на трите најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2016 година.

Најтранспарентна компанија е Алкалоид, а зад неа се Комерцијална и НЛБ банка.

На конференцијата беа доделени и награди на Илирика Инвестментс, Комерцијална банка и Еурохаус за остварувања коишто овластените учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност ги постигнаа во вкупниот промет и вкупниот број на трансакции реализирани на берзата во текот на минатата година.