Алкалоид, Комерцијална банка и НЛБ Тутунска банка добитници на Кристално ѕвоно за 2014

49

_DEL9477

Акционерските друштва Алкалоид, Комерцијална банка и НЛБ Тутунска банка се добитници на наградата Кристално ѕвоно за 2014 година.

Во рамки на Конференцијата на македонскиот пазар на хартии од вредност, што се одржа на седми овој месец во Скопје, Македонската берза по осми пат ја додели наградата Кристално ѕвоно, за најтранспарентно котираните акционерски друштва.

_DEL9466

Оваа година, Алкалоид и двете банки – Комерцијална и НЛБ Тутунска, се трите најтранспарентни компании од вкупно 115 котирани акционерски друштва на Берзата.

“При разгледување на транспарентноста и објавувањето на информации на котираните друштва преку СЕИ – Нет, Кандидационата комисија ја имаше предвид нивната транспарентност во текот на претходната година, особено бројот на објавени известувања преку СЕИ – Нет и нивниот квалитет, квалитетот на објавениот годишен извештај за работење на друштвото, квалитетот на интернет страницата на друштвото и друго“, стои во Извештајот за избор на најтранспарентни акционерски друштва котирани на Македонска берза во 2014 година.

_DEL9454