Алкалоид по четврти пат добитник на наградата Кристално ѕвоно

24

alkaloid

Компанијата Алкалоид по четврти пат ја доби наградата Кристално ѕвоно за најтранспарентно акционерско друштво котирано на Македонска берза АД Скопје, овојпат за 2013 година.

Наградата беше доделена во рамките на Конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност 2014 во организација на Македонската Берза АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје одржана на 16 мај 2014 година.

Оваа награда претставува уште едно признание за нивото на корпоративното управување и корпоративната општествена одговорност, транспарентноста во работењето и квалитетот на комуникацијата со инвеститорите, институциите, медиумите и јавноста воопшто.