Алкалоид : Позитивни финансиски резултати од јануари до септември 2015

14

alkaloid

Фармацевтската компанија Алкалоид во периодот од јануари до септември оваа година оствари позитивни финансиски резултати, се вели во Образложението за остварените резултати објавено на Македонска берза.

“Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – септември 2015 година изнесуваат 4.731.844.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2014 година бележат пораст од 6%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 95%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2014 година бележат пораст од 3%“, се вели во Образложението.

Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари – септември 2015 година, како што се наведува, изнесуваат 6.137.150.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2014 година бележат пораст од 6%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 96%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2014 година бележат пораст од 6%.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – септември 2015 година изнесуваат 4.192.892.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2014 година бележат пораст од 7%. Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот јануари – септември 2015 година изнесуваат 5.590.183.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2014 година бележат пораст од 7%.

Според консолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза, Алкалоид во пресметковниот период оствари вкупна сеопфатна добивка од 462.409.000 денари. Истиот период лани, Алкалоид работеше со добивка од 439.873.000 денари.

На шести април 2015 година на Годишното собрание на акционерите е одобрена пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2014 година во износ од 300.584.000 денари односно 210 денари бруто за една акција. Исплатената нето дивиденда за 2014 година изнесува 189 денари за една акција.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – септември 2015 година изнесуваат 530.367.000 денари.

Вкупните консолидирани обврски по кредити на 30.09.2015 година изнесуваат 294.991.000 денари и во споредба со состојбата на 30.09.2014 година бележат намалување од 51%.

Во периодот јануари – септември 2015 година во Алкалоид се реализирани 79 нови вработувања во Македонија.