Алкалоид првото полугодие го заокружи со добивка од над 326 милиони денари

19

alkaloid

Фармацевтската компанија Алкалоид од први јануари до 30-ти јуни 2016 година оствари вкупна сеопфатна добивка од 326.436.000 денари, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во првото полугодие лани, компанијата прикажа добивка од 301.272.000 денари.

“Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари – јуни 2016 година изнесуваат 4.325.503.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година бележат пораст од 2%. Во структурата на вкупните приходи, најголемо учество, 97%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2015 година бележат пораст од 4%“, стои во Образложението за остварените резултати.

Вкупните приходи од продажба, според билансот на успех, беа на ниво од 4.196.696.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 1.662.544.000 денари, додека на пазари во странство се продадени производи во износ од 2.534.152.000 денари.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот од јануари до јуни оваа година, како што стои во Образложението, изнесуваат 344.331.000 денари.

Во истиот период во Алкалоид се реализирани 95 нови вработувања во Македонија.