АЛКАЛОИД со нова бенефиција за вработените – слободен ден за роденден!

Водени од нашата највисока вредност луѓето пред сè, оваа година во АЛКАЛОИД АД Скопје воведовме уште една бенефиција за вработените, како знак на признание за нивната искрена посветеност и за нивниот ангажман.
Со оваа бенефиција секој вработен добива целосно платено отсуство на денот на неговиот роденден, за да може да го прослави на свој начин и да ужива во својот ден. Оваа иницијатива е дел од нашата посветеност за создавање баланс меѓу работниот и приватниот живот, како и за поттикнување позитивна култура во работното опкружување.
Во АЛКАЛОИД АД Скопје верувме дека среќните и задоволни вработени се темелот на нашиот досегашен и иден успех, а оттаму и нашиот најголем капитал!