Алкалоид со повик за практична обука со можност за вработување

642

Фармацевтската компанија Алкалоид, во рамки на програмата Образование за вработување во Северна Македонија, поддржана од Швајцарската интеркооперација Хелветас, објавува Повик за пријавување за практична обука со можност за вработување.

Заинтересираните кои можат да аплицираат треба да ги исполнат овие услови:

  • Да се невработени и да сакаат да започнат кариера во фармацевтската индустрија,
  • Да имаат завршено средно стручно образование (хемиски техничар, фармацевтски техничар, медицинско – лабораториски техничар) или гимназија и во моментот не се вклучени во формален процес на образование,
  • Да имаат меѓу 18 и 29 години,
  • Да имаат афинитет кон хемијата и кон работата во лабораторија и да се заинтересирани за стекнување или надградба на своите знаења во оваа област
  • Да се посветени, трудољубиви, педантни, прецизни, внимателни и мотивирани брзо да учат и
  • Да имаат основни познавања од пакетот MS Office и од англискиот јазик.

“Нашите колеги професионални во областите од истражување, развој и од контрола на квалитет на лекови внимателно изработија програма за практична обука и за менторство во подготовката за работа како лабораториски техничар“, велат од компанијата.

Обуката, како што се наведува, ќе се одвива во времетраење од три месеци, два пати неделно по три часа. По завршување на обуката, учесниците со најдобри постигнати резултати ќе добијат понуда за вработување.

Заинтересираните може да го испратат своето CV, мотивациско писмо и диплома за завршено образование на intern@alkaloid.com.mk, со назнака За конкурс – практична обука во лабораторија, најдоцна до 15-ти март. Избраните кандидати ќе бидат вклучени во процесот на селекција, проследен со тестирања и интервјуа.