Алкалоид со свој виртуелен штанд на регионалниот саем за вработување

119

Фармацевтската компанија Алкалоид има свој виртуелен штанд на регионалниот онлајн саем за вработување, што почна вчера (седми октомври), а ќе трае до 14-ти.

“Во Алкалоид ние ве охрабруваме не само да набљудувате, туку и да учествувате, не само да копнеете, туку и да помагате, не само да сонувате, туку и да работите, да ги претворите вашите верувања во реалност, затоа што животот во сета своја целост е предизвик“, порачуваат од Алкалоид.

Инаку, на регионалниот онлајн саем за вработување се отворени над 500 слободни работни места во преку 80 компании од Македонија и регионот.

Саемот традиционално го организира Vrabotuvanje.com во соработка со своите партнери од регионот: MojPosao – Хрватска, Poslovi.Infostud – Србија, MojPosao.ba – Босна и Херцеговина, а од оваа година и Deloglasnik – Словенија.

Фото: regionalensaemzavrabotuvanje.com