Adria, компанија од Словенија, чија дејност е дизајнирање на луксузни приколки го претстави своето најново дело – Alpina.
Приколката, која што може да смести осум патници, е еден вид луксузен дом на тркала и ги нуди сите удобности што ги задоволуваат вкусовите и на најпребирливите. Вратите се отвораат автоматски, кујната е опремена со шпорет на струја и плин, фрижидер, вградена рерна, мијалник…
Дневниот простор нуди совршена комоција, додека за изгледот на бањата се погрижи лондонската компанија Ergo. Спалната располага со голем кревет, кадифена масичка и столчиња со перничиња.
Караванот е целосно климатизиран, има постојано топла вода и подно греење, а прозорците се врамени и затемнети.