Alpina – луксузна приколка за милионери

2

Adria-Alpina-753-UP-fotoshowBigImage-a7aa1836-241121Adria, компанија од Словенија, чија дејност е дизајнирање на луксузни приколки го претстави своето најново дело – Alpina.

Приколката, која што може да смести осум патници, е еден вид луксузен дом на тркала и ги нуди сите удобности што ги задоволуваат вкусовите и на најпребирливите. Вратите се отвораат автоматски, кујната е опремена со шпорет на струја и плин, фрижидер, вградена рерна, мијалник…

Дневниот простор нуди совршена комоција, додека за изгледот на бањата се погрижи лондонската компанија Ergo. Спалната располага со голем кревет, кадифена масичка и столчиња со перничиња.

Караванот е целосно климатизиран, има постојано топла вода и подно греење, а прозорците се врамени и затемнети.

201_Alpina-753-UP_U-group_JMF_8669caravan_alpinaalpina_caravan_1203_Alpina-903-HT_image-interior_JMF_0296bathroom_alpina_caravangas_alpina_caravanAlpina-663-HT-06-1140x855