
Алта банка АД Белград го зголеми својот акционерски удел во поранешната Стопанска банка АД Битола (сегашна Алта банка АД Битола).
Според официјалното известување објавено на Македонската берза, согласно Главата 6 и членот 38 од Правилата за котација, српската банка се стекнала со дополнителни 31 обична акција.
Со оваа последна трансакција, Алта банка АД Белград во својот портфолио сега поседува вкупно 372.074 обични акции, со што нејзиниот вкупен удел во битолската банка се искачи на високи 95,1652 % од вкупниот број на издадени обични акции.













