Amazon доаѓа во Хрватска?

37

Пакети со логото на Amazon во последните неколку денови поминуваат низ Новиот центар за сортирање на Хрватска пошта во Велика Горица, неофицијално дознава Јутарњи лист. Од тоа може да се заклучи дека Хрватска пошта и најголемата онлајн продавница во светот договориле соработка за дистрибуција на пакети за хрватскиот пазар.

Информацијата засега не ја коментираат од Хрватска пошта, а нема коментар ниту од Amazon, пишува хрватскиот весник.

Пословни дневник пишува дека Amazon на средината на овој месец почнал ексклузивна соработка со Хрватска пошта за достава на пакети за хрватскиот пазар со можност за покривање и на пазарите на соседните земји, пред сè Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, но не добиле официјална потврда на информацијата.

“Не смееме поединечно да ги наведуваме, ниту да откриваме било какви детали за договоренот. Факт е дека нашот Нов центар за сортирање е единствен на ова подрчје и сите сериозни потенцијални партнери кои сакаат да го разгледаат нашиот погон, ја добиваат таа прилика. Ние сме ориентирани на интернет трговци, како глобални, така и национални“, вели Џо Кемпен, извршна директорка за корпоративни комуникации во Хрватска пошта, одговарајќи на прашањето за соработка со Amazon и тоа дека Хрватска пошта има повеќе партнери – веб трговци за кои врши достава.

Таа додава дека Новиот центар за сортирање има систем за автоматско сортирање на пакети, којшто за еден час може да обработи околу 15.000 пакети. Според Кемпен, на овој начин Хрватска пошта може со “своето знаење и капацитет да одговори на барањата на најголемите и најбрзорастечки компании и може да биде лидер во овој дел од Европската унија и регионот“.