Amazon достигна нова рекордна вредност, богатството на Безос расте

62

Нето вредноста на имотот на основачот на Amazon, Џеф Безос, достигна нова рекордна вредност од 171,6 милијарди долари, по порастот на цената на акциите на Amazon поради преминувањето на милиони потрошувачи на е – трговијата за време на корона кризата, пишува Bloomberg.

Акциите на Amazon пораснаа за 4,4% на рекордни 2.878,70 долари, зголемувајќи го богатството на нејзиниот основач на 171,6 милијарди долари. Ова е повеќе од рекордните 167,7 милијарди долари од септември 2018 година, според индексот за милијардери на Bloomberg.

Повеќето милијардери со најголем профит неодамна се, исто така, дел од технолошкото милје. Меѓу нив е извршниот директор на Tesla, Илон Маск, кој додаде на своето богатство 25,8 милијарди долари од први јануари годинава, како и основачот на Zoom, Ерик Јуан, чиешто богатство речиси се удвои и изнесува 13,1 милијарда долари.

Имотот на Мекензи Безос, која доби 4% од акциите во Amazon по нејзиниот развод од Џеф Безос, се проценува на 56,9 милијарди долари.

Сите милијардери не профитираа од кризата предизвикана од коронавирусот, забележува Bloomberg. Амансио Ортега, сопственик на модниот бренд Zara, изгуби 19,2 милијарди долари, претседателот на Berkshire Hathaway, Ворен Бафет, остана без 19 милијарди долари, а францускиот тајкун на луксузна стока, Бернард Арно, изгуби 17,6 милијарди долари.

Фото: Freepik