Amazon го купува iRobot за речиси 2 милијарди долари

95

Гигантот за е-трговија Amazon потпиша договор за купување на iRobot, производител на роботската правосмукалка Roomba.

Зделката е проценета на околу 1,7 милијарди долари.

„Клиентите ги сакаат производите на iRobot, и јас сум возбуден што ќе работам со нивниот тим за да изнајдам начини да им го олеснат и попријатно животот на клиентите“, рече Дејв Лимп од Amazon, пренесува theverge.com.

Станува збор за мали уреди, во облик на круг, кои чинат од околу 300 до повеќе од 1.000 евра.

Фото: Facebook