Amazon го купува стартапот Zoox и почнува нов бизнис

100

Амazon го презеде стартапот за автономни возила Zoox за 1,2 милијарди долари.

Од корпорацијата на Џеф Безос, соопштија дека нивната цел е да ја реализираат идејата за компанија наречена Amazoox со купување на Zoox. Идејата е да се направи роботско такси или автономно такси возило, пишува Forbes.

Според магазинот, Amazon не погрешил со оваа инвестиција, затоа што автономните такси имаат голем деловен потенцијал. Претпоставката е дека компанијата на Безос може да стане лидер во овој бизнис.

Овој деловен потфат, исто така, треба да ги подобри постојните услуги на Аmazon и тоа првенствено се однесува на нивниот логистички бизнис. Сепак, како што наведува Forbes, Амаzon сè уште има многу работа во развојот на автономно такси возило.

Фото: Facebook