Amazon го одложи враќањето на вработените во канцеларии до 2022 година

44

Американската компанија Amazon го информираше својот корпоративен персонал да не се враќа во канцелариите до следната година, бидејќи коронавирусот ќе продолжи да се шири.

Гигантот за онлајн шопинг претходно објави дека персоналот ќе работи од дома до седми септември, но сега рокот е продолжен до трети јануари 2022 година. Amazon ја донесе оваа одлука поради зголемувањето на бројот на нови инфекции Ковид-19 низ Америка со дневни броеви што не беа евидентирани пред неколку месеци, пренесува BBC.

Финансиските институции Wells Fargo и Blackrock, исто така, најавија одложување на враќањето на нивните вработени во канцелариите.

Фото: Pexels