Amazon го презема Whole Foods за 13,7 милијарди долари

43

whole-foods

Фото: Whole Foods

Компанијата за онјлајн трговија Amazon ќе го преземе американскиот ланец маркети Whole Foods за 13,7 милијарди долари. Компанијата Amazon, којашто почна да продава прехранбени намирници, ќе го купи овој ланец по цена од 42 долари по акција, пишува BBC.

Whole Foods, основана во 1978 година во Тексас, е прва компанија којашто се фокусира на природни и органски прехранбени намирници.

“Милиони луѓе го сакаат Whole Foods поради понудата на најдобра природна и органска храна. На пазарот е речиси четири децении и извршува одлична работа, а ние сакаме да го продолжиме тоа“, вели основачот на Amazon и извршен директор, Џеф Безос.

Се очекува постапката за преземање да се заврши во втората половина од оваа година.