Amazon ќе подели 500 милиони долари за бонуси на вработените

46

Иако работниците и властите на државите во кои Аmazon работи се бесни на однесувањето на компанијата во текот на пандемијата на коронавирусот, сега може да се очекува расположението значајно да се поправи. Аmazon ветил исплата на огромни бонуси на своите работници.

Аmazon ќе уплати повеќе од 500 милиони долари во вид на бонус на сите работници кои работеле во компанијата во текот на месец јуни, што се оценува како исклучителен потег откако гигантот за е – трговија го “замрзна“ растот на платите и платената прекувремена работа на крајот од мај. Компанијата сака да покаже благодарност и во вид на еднократен бунус да ги почести своите вработени.

Износите за еднократен бонус варираат. Редовно вработените во Аmazon, возачите и партнерите ќе добијат по 500 долари. Вработените кои работат на половина работно време, 250 долари, лидерите на фронт – компаниите на Amazon и Whole Foods ќе добијат по 1.000 долари, додека сопствениците на партнерските служби за достава ќе добијат по 3.000 долари. Аmazon воочил се поголема побарувачка во текот на пандемијата додека луѓето остануваат дома и поради тоа вовел мерки кои не се баш популарни. Иако бројат преку 400.000 вработени и 110 центри, било тешко да се обезбедат сите услови за работа против епидемијата на коронавирусот, па во еден момент дошло и до протест на работниците од кои некои биле отпуштени.

Фото: Freepik