Amazon ќе продава облека со помош на интернет инфлуенсери

39

Гигантот за онлајн продажба, Amazon планира со помош на интернет инфлуенсери да ја продава својата облека, пишува CNN.

Компанијата ја претстави својата прва модна колекција креирана од Пола Алберди, која има еден милион следбеници на Instagram, а истата вклучува фустани, блузи и други парчиња. Тие ќе бидат достапни на апликацијaта Amazon app и нивната веб страна само 30 часа.

Планот е да се пуштат во продажба ограничен број нови парчиња, на неделна база, наместо секоја сезона. Овој начин на “брза“ продажба е наречена drop sale, а за прв пат ја започна брендот Supreme.

Amazon, исто така, претстави и нова алатка наречена StyleSnap, којашто препознава фотографии прикачени од корисниците и дава препораки за облека од колекцијата на Amazon.

Фото: Pexels