Amazon ќе вложи милијарда долари за камера во вид на ѕвонче

22

amazon_logoФото: Amazon

Американскиот гигант за интернет трговија Amazon објави дека ќе вложи една милијарда долари за да го купи стартапот Ring, чијшто производ е безбедносна камера во форма на ѕвонче, пренесува Business Insider.

Цената на ѕвончето камера со којашто ќе можете да видите кој е пред вашата врата ќе се движи од 179 до 500 долари.

Овој договор е една од најголемите трговски зделки во 24-годишната историја на компанијата, а иновацијата се очекува да ја зголеми конкуренцијата со Google, којшто минатата година започна со слична видео камера за врата преку својот бренд Nest.

Во насока кон подобрување на безбедноста на своите потрошувачи, пред неколку месеци, Amazon го претстави Amazon Key, домашна безбедносна камера и паметна брава за препознавање на доставувачи на пратки и пакети кога никој нема дома.