Amazon купува 11 авиони за да ја забрза испораката

75

Најголемата онлајн продавница во светот, Amazon купува 11 авиони од типот Boeing 767-300, за да ги зголеми капацитетите за испорака на онлајн порачки.

Леталата, од коишто седум се купени од Delta Airlines, а четири од Westjet Airlines, ќе станат дел од карго флотата до 2022-ра година, пренесува Ројтерс.

Во април Amazon зеде под закуп 12 карго авиони од типот Boeing 767-300 од Air Transport Group, со што вкупната негова флота брои 80 летала.

Фото: Freepik