Amazon набавува 700 камиони на природен гас

22

Најголемиот онлајн трговец, Amazon порача стотина камиони што користат природен гас, сакајќи да го намали влијанието врз загадувањето, пренесува Ројтерс.

Amazon порача околу 700 возила на компримиран природен гас. Ова гориво емитува 27% помалку јаглерод диоксид од дизелот, додека моторите на електричен погон се сметаат за помалку одржливи за товарни камиони, одошто за просечни патнички возила.

Пандемијата ја забрза онлајн трговијата, а со самото тоа и достава на домашна адреса. Бројот на камиони што се користат за оваа намена е многу поголем одошто во 2019 година.

Зголемената активност на достава, доведе до поголем степен на загаденост, па компаниите што вршат транспорт градат своја мрежа на електрични возила, со цел да ја намалат емисијата на штетни гасови.

Фото: Freepik