Amazon отвора канцеларии во Романија и вработува 500 лица

21

Американскaта компанија Amazon е во процес на отворање на три нови канцеларии во Романија и планира да вработи повеќе од 500 лица до крајот на оваа година. Новата канцеларија во Темишвар ќе се фокусира на уредите на Amazon, вклучувајќи уреди за домашна безбедност, соопшти компанијата.

“Среќни сме што отворивме нови канцеларии и отворивме дополнителни 500 нови работни места во Темишвар и Јаш. Како резултат на новите канцеларии, на располагање се низа можности, особено за професионалци во софтвер и операции, за иновации и подобрување на нашите производи и услуги што ги поддржуваат нашите клиенти на Amazon од целиот свет“, изјави извршниот директор на Amazon Романија, Октавијан Танасе.

Amazon и неговата подружница Amazon Web Services веќе имаат канцеларија во Букурешт, во која се сместени Инженерскиот центар, Технолошки развој, говорни и јазични решенија за Alexa, како и тестирање на производите на Alexa.

Во 2005 година, Аmazon ја отвори својата прва канцеларија во Романија и оттогаш инвестираше повеќе од 100 милиони евра во своето локално работење.

Фото: Facebook