Amazon пред нова истрага од ЕУ

27

Европската комисија (ЕК) соопшти дека американската компанија за електронска трговија, Amazon ги прекршила европските антимонополски правила, користејќи податоци од независни трговци за поттикнување на продажба.

Комисијата, исто така, најави отворање втора истрага за деловните процеи во електронската трговија на компанијата.

Во соопштението на ЕК се наведува дека Amazon користи податоци од независни продавачи, кои не се во неговиот систем, како што е број на порачки, приходи и број на онлајн посетители, за да може да носи стратешки деловни одлуки, како што е намалување на цената на производите.

Проблемот се јавува поради двојната улога на Amazon, којашто се согледува во тоа што е и продавач на производите, а во исто време и платформа за независни, понекогаш и конкурентни продавачи.

“Податоците за активностите на независните продавачи не би требало да се користат за интересите на Amazon кога настапува како конкурент на тие продавачи“, смета Маргарет Вестагер, шефица на ЕУ за конкуренција.

Новата одлука доаѓа откако Комисијата веќе отвори истрага кон овој онлајн продавач во јули минатата година, поради загриженост поврзана со антиконкурентно однесување.

Фото: Facebook