Amazon се шири во Европа

53

Американскиот гигант за онлајн продажба отвори интернет продавница во Шведска – Amazon.se. На оваа веб адреса потрошувачите од Шведска ќе имаат можност да  купуваат онлајн, да го користат локалниот систем за логистика и локален маркетинг, пишува Tech Crunch.

Бидејќи Шведска важи за 10-та најголема економија во Европа според бруто домашниот производ, таа е клучен пазар на Amazon за нејзината стратегија за раст.

Сега жителите на нордиската земја ќе можат преку Amazon.se да купат повеќе од 150 милиони производи во 30 категории.

Шведска на ваков начин ќе им се приклучи на 17 земји коишто имаат свои локални онлајн продавници на Amazon, меѓу кои се: Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Италија, Јапонија, Холандија, Турција, Обединети Арапски Емирати…

Фото: Facebook