Amazon во првиот квартал со приход од 108,5 милијарди долари

33

Аmazon е уште еден во низата технолошки гиганти кои ги надминаа очекувањата со резултатите од првиот квартал.

Акциите на Аmazon скокнаа за 3% во продолженото тргување по објавувањето на резултатите.

Резултатите од првиот квартал покажаа дека пандемијата продолжува да го зајакнува бизнисот на компанијата, a добивката порасна за од 44% од минатата година на 108,5 милијарди долари.

Amazon очекува дека во вториот квартал растот ќе се продолжи. Компанијата очекува да оствари приход од 110 до 116 милијарди долари, надминувајќи ја прогнозата на Wall Street од 108,6 милијарди долари.

Фото: Pexels