Амбулантен дрон што спасува човечки животи достигнува брзина дo 100 километри на час

108

folded

Дипломираниот студент по инженерство од Холандија, Алек Момонт, го претстави прототипот на “амбулантен дрон“, односно летечки дефибрилатор што ќе може за неколку минути да им пружи помош на лицата што доживеале срцев удар, пишува Daily Mail.

Овој дрон може да достигне брзина и до 100 километри на час и да носи товар од четири килограми. Самостојно ќе може да ја избере насоката на движење, бидејќи ќе одговара на итните повици и со помош на ГПС уредите ќе одредува од каде е упатен.

“Околу 800.000 лица секоја година доживуваат срцев удар во Европската унија и само 8% од нив успеваат да преживеат“, вели 23-годишниот Алек Момонт.

Главната причина поради која го разви овој прототип е долгото растојание што е потребно за доаѓање на спасувачите на местото на несреќата, што во просек изнесува околу 10 минути, а смртта во такви случаи настапува за четири до шест минути.

“Амбулантниот дрон може да пренесе дефибрилатор за една минута на растојание од 12 метри квадратни, со што шансите за преживување на пациентите се зголемуваат од 8% на 80%“, додава тој.

Иако станува збор за прототип, дронот привлече голем интерес, особено во Итната помош во Холандија. За да може да се почне со сериско производство, цената на ова летало би била околу 15.000 евра.