Америка избегна банкрот, се задолжува со уште 480 милијарди долари

332

Сенатот на САД вчера усвои закон за привремено зголемување на лимитот на задолжување над сегашниот законски лимит од 28,4 трилиони долари.

Со ова го избегнува ризикот од историски банкрот овој месец. 

Сенатот го усвои законот со 50 гласови „за“ и 48 „против“, по неколкунеделни  несогласувања. Предлог -законот што го усвои Сенатот сега оди во Претставничкиот дом, кој треба да биде одобрен за да се потпише со претседателот Џо Бајден.

Претставничкиот дом ќе гласа за законот во вторник, изјави шефот на демократското мнозинство во тој дом, Стени Хојер. Зголемувањето на лимитот за задолжување од 480 милијарди долари, со што лимитот на долгот се зголеми на 28,9 трилиони долари, се очекува да биде исцрпен до 3 декември, истиот ден кога финансирањето на повеќето федерални програми истекува според мерката усвоена претходно овој месец.