Почетна Новости Aмериканците може да здивнат – Претставничкиот дом изгласа подигнување на границата за...

Aмериканците може да здивнат – Претставничкиот дом изгласа подигнување на границата за задолжување до декември

80

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, каде мнозинство има Демократската партија, синоќа го усвои предлогот, што претходно беше усвоен во Сенатот, со кој привремено се зголемува границата до која може федералната Влада да се задолжи до 28,9 илјади милијарди долари до почетокот на декември.

Сите демократи 219 го поддржаа предлогот, додека 206 републиканците беа против. Се очекува претседателот Џо Бајден во текот на неделата да го потпише законот, пред рокот од 18 октомври, кога Министерството за финанси процени дека без акција на Конгресот нема да биде во можност да ги отплаќа долговите.

Усвојувањето на предлогот во Конгресот, барем привремено, ги ублажи стравувањата дека САД, најголемата светска економија, првпат ќе бидат во ситуација да не можат да го отплатат долгот.

Сепак, членовите на Конгресот ќе се соочат со нов рок за зголемување на лимитот на долгот за само седум недели. Во тоа време, истекува привремениот буџет за финансирање владини агенции, така што Конгресот ќе треба да го спречи нивното делумно затворање.