Некои брендови имаат верни купувачи, а други имаат купувачи кои тврдат дека не би можеле да си го замислат животот без тој бренд.
Податоците, според Statista, покажуваат дека Google е компанија за којашто голем број американски корисници се убедени дека нивните производи им се неопходни за опстанок. Дури 41% од корисниците на Google изјавиле дека не можат да живеат без производ од компанијата.
Меѓу 10-те компании без коишто Американците не можат да си го замислат животот се и:
Apple – 33%
Amazon – 33%
Chevrolet – 31%
Walmart – 30%
YouTube – 30%
Microsoft – 29%
AT&T – 29%
Spotify – 29%
Head and shoulders – 29%
Фото: Pexels