Американците полудеа по скапи чоколади

59

Овогодишниот Валентајн можеби нема да биде запаметен по вечери во романтични ресторани или патувања на егзотични дестинации, но ќе биде по продажба на чоколади што доживеа вистински бум во САД.

Дури 86% од Американците за празникот на вљубените подариле чоколадо или бонбониера на саканата личност, покажуваат податоците на Националната федерација за малопродажба.

“Најверојатно 2021 година ќе изгледа малку поинаку од другите години, но сигурно и понатаму ќе биде важна оваа сезона“, вели Фил Деконто, потпретседател на секторот за управување со категории на производи во Ferrero, во интервју за CNBC.

Продажбата на чоколади, особено оние врвните, е во пораст. Вкупната потрошувачка на чоколадо во текот на последните 52 недели пораснала за 4,7%, а кај премиум чоколадите таа е двојно зголемена, со тренд што и понатаму продолжува.

“Врвните чоколади би можеле да играат улога во пружање одредено ниво на нормалност или одржување на менталното здравје“, смета де Деконто.

Ferrero е сопственик на брендови како што се Kinder, Nutella, Butterfinger и слично. Компанијата бележи зголемена продажба на Nutella, бидејќи потрошувачите повеќе подготвуваат појадок во домашни услови.

Фото: Pexels