Американците сакаат претседателка до 2030 година

25

Над 90% од Американците веруваат дека САД до 2030 година би можеле да имаа претседателка, покажуваат податоците од испитувањето на јавното мислење.

Резултатите доаѓаат во момент кога потпретседателката на САД, Камалa Харис сè повеќе се смета за фаворит за претседателска номинација на Демократите во 2024 година.

Истражувањето, спроведено во 74 земји во светот, покажало дека Американците би сакале жена да ја води нивната земја до 2030 година. Само во три земји, Мавританија, Белорусија и Шри Ланка, жителите не очекуваат жена на претседателска функција во претстојниот период.

На претседателска функција има жени само во 22 земји, а во 119 никогаш досега немале женски претседател, покажуваат податоците на Обединетите Нации, додека жените држат нешто повеќе од една четвртина од пратеничките места во парламентите низ светот.

Фото: Pexels