Американки кои сами си го стекнале целото богатство

133
Woman wearing high heels

Жените стануваат сè поважни фигури во светот на бизнисот, а магазинот Forbes направи листа на 100 најбогати жени кои сами го стекнале своето богатство.

Прва на листата е Дајен Хендрикс, која е претседателка на компанијата ABS Supply, што ѝ донесе богатство од осум милијарди долари. Џуди Фолкнер е втора со богатство од 5,5 милијарди долари, што го стекнала благодарение на нејзината компанија Epic, што се занимава со софтверски решенија за здравство. Трета е Мед Витман, главна извршна директорка на видео платформата Quibi со богатство од 5,3 милијарди долари. Џуди Лав е четврта најбогата жена, која заедно со својот сопруг ја отвориле првата станица за плин во 1964 година со 5.000 долари позајмени од родителите, а денес има богатство од 4,7 милијарди долари. Петта најбогата жена е Мериен Илич, со бофатство од четири милијарди долари, благодарение на синџирот пицерии, Little Caesars Pizza.

Меѓу светски познатите личности, кои се најдоа на оваа листа се и: Опра Винфри (деветта со богатство од 2,6 милијарди долари), Ким Кардашијан (24-то место со 780 милиони долари), Кајли Џенер (29-та со богатство од 700 милиони долари), Ријана (33-та со богатство од 600 милиони долари), Мадона (40-то место со 550 милиони долари), Селин Дион (51-ва со 455 милиони долари), Дона Каран (52-ро место со 450 милиони долари), Бијонсе (55-та со 420 милиони долари)…

Фото: Freepik