Американска компанија отвори глобален ИТ центар во Букурешт

19

Delphi Technologies,водечки снабдувач на напредни погонски решенија за производители на автомобили, го отвори својот прв мултидисциплинарен глобален ИТ центар во Букурешт, Романија.

Тој ќе обезбедува ИТ услуги за техничките центри , производните погони и поддршка на бизнисот на глобално ниво.

ИТ центарот ќе смести 150 луѓе кои ќе ги покриваат основните функции како IT безбедност и усогласеност корпоративна архитектура, ИТ операции, планирање на ресурси и решенија за глобална испорака.

Амриканската групација ќе инвестира во развој на овој објект до 2022 година, пишува Romania Insider.

Delphi веќе има инвестирано 300 евра во Романијa во производствен погон во Јаши каде се произведуваат пумпи со висок притисок и инјектори за автомобилската индустрија.