Американската економија забави за 2,4% во последниoт квартал од 2020 година

19

Американската економија во четвртиот квартал од минатата година се намали за 2,4%, информираше тамошното министерство за трговија.

Проценката направена на крајот на јануари покажува пад на економската активност во четвртото тримесечје за 2,5% во однос на истиот период една година претходно.

Во третото тримесечје економијата на САД на годишно ниво забележа пад од 2,8%.

Економската активност имаше голем пад на крајот на годината, со стапка на раст од само 1% во однос на претходните три месеци, кога е регистриран пораст од 7,5%.

Во текот на целата година, вредноста на бруто домашниот производ на САД се намали за 3,5%, а во 2019 година имаше пораст од 2,2%.

Фото: Pexels