Американската Гентерм ќе гради фабрика во индустриската зона во Прилеп

35

Американската компанијата Гентерм денеска ќе започне со изградба на фабриката во Технолошко – развојната зона во Прилеп, пишува Миа.

Во фабриката ќе се произведуваат клима уреди и појаси за автомобили, а пласманот ќе се реализира на европскиот пазар кај купувачи како Бентли, Рено, БМВ, Порше, Фиат и други.

Во производствениот капацитет на 21.500 метри квадратни се најавени 2.000 вработувања. Вредноста на инвестицијата на компанијата изнесува околу 20 милиони евра.

Гентерм е глобална, брзорастечка компанија која произведува електроуреди за регулирање термална енергија во автомобили. Брои вкупно 9.000 вработени во капацитетите во САД и Украина, а годишно од продажбата реализира 800 милиони долари.