Американски аеродром ја изгуби титулата – кој е најпрометен аеродром во светот

122

По 23 години на врвот, меѓународниот аеродром Hartsfield-Jackson во Атланта ја изгуби титулата на најпрометен аеродром во светот.

Аеродромот во Атланта во 2020 година беше втор на листата, додека најпрометен аеродром во светот стана Меѓународниот аеродром Guangzhou Baiyun во Кина. Овој аеродром направи значаен напредок во однос на 11 место што ги имаше во 2019 година.

Во текот на минатата година имаше драматични промени на листата поради рестрикциите воведени среде пандемијата на коронавирусот при што беа отежнати патувањата.

Во топ 10 најпрометни аеродроми во светот за 2020 седум се во Кина, пренесе CNN.

Фото: Pixabay