Американски фонд купи 15 продавници на Merkur за 100 милиони евра

7

Фото: Facebook

Американскиот фонд LCN Capital Partners од Њујорк стана сопственик на 15 од 23 продавници на Merkur во Словенија, пишува Siol.net.

Фондот, што управува со средства од околу две милијарди долари, за продавниците на Merkur одвои 100 милиони евра.

Досега продавниците на Merkur беа во сопственост на американскиот фонд HPS Investments Parters, којшто во 2017 година, го презедоа Merkur. Договорот меѓу фондовите, чии седишта се во Њујорк, формално е заврешно пред неколку недели.

Минатата година Merkur оствари приходи од над 230 милиони евра.