Американски милијардер доби српски пасош

37

Американскиот бизнисмен и милијардер, Роналд Вејн Баркл, доби српско државјанство, пренесуваат тамошните медиуми.

Баркл е роден на 12-ти ноември 1952 година во американската држава Калифорнија.

Тој во 1986 година ја основал својата компанија Yucaipa, а е познат како инвеститор во малопродажба, дистрибуција, технологија, спорт, угостителство.

Според Bloomberg, Баркл во 2013-та година бил на 201-во место на листата на Forbes меѓу најбогатите Американци.

Фото: Pixabay