Американски производители на чипови бараат владина помош

38

Повеќе американски производители на чипови го повикаа претседателот Џо Бајден да обезбеди “значајни финансиски средства за поттикнување на производството на полуспроводници“ во пакетот мерки за закрепнување на економијата од кризата што ја предизвика пандемијата.

“Американскиот удел во производство на чипови се намали од 37% во 1990-та на 12% денес. Главна причина за тоа е што владите на нашите глобални конкуренти нудат значителна поддршка “, стои во писмото до Бајден од Здружението на производители на чипови, каде меѓу потпишаните се директорите на Intel, Qualcomm, Micron Technology и Advanced Micro Devices.

Конгресот минатата година одобри поддршка за производство на чипови, но уште не е одлучено колку пари ќе бидат одвоени за тоа.

Производителите на чипови бараат од Бајден или бесповратна помош или даночни олеснувања.

Фото: Freepik