Американскиот БДП забележа рекорден пад во вториот квартал

31

Според анализата на CNN, за само неколку месеци е “збришана“ целата експaнзија на американската економија во последните пет години.

Бруто домашниот производ на САД во второто тримесечје се намали за рекордни 32,9% најголем пад на економијата после Големата депресија (1929-1933). Причината овојпат е Ковид-19, што предизвика запирање на потрошувачката и бизнис активностите во земјата.

Според Бирото за економски анализи на Министерството за трговија, падот во најголем дел се должи на економската активност во април, кога речиси сите бизнис активности во САД запреа, со затворање на рестораните, кафе баровите и фабриките што започнаа кон средината на март.

Белата куќа и Конгресот договорија нов пакет помош за економијата и нови исплати за помош на Американците. Се работи за пакет мерки од три трилиони долари помош за компаниите да исплатата плати на вработените, но и за продолжување на исплатите од 600 долари неделно за милиони невработени Американци, што истекуваат оваа недела.

Во меѓувреме, намалување на бројот на пријави за невработеност кое започна во мај, застана на одредено ниво во јуни поради новите случаи на коронавирус регистрирани насекаде низ земјата.

Пандемијата ги урна цените на нафтата, поради што и производството на нафта од шкрилци е сериозно намалено. Прометот во рударскиот сектор во второто тримесечје бележи пад од 34,9% додека градежните работи на станбени објекти се намалени за 38,7%.

Пандемијата создаде пречки во глобалната трговија и го намали увозот и извозот од САД.

Економистите предупредуваат дека доколку Владата не го исплати и вториот пакет мерки и тоа мошне бргу и не презеде план за запирање на вирусот, американската економија може да падне во колапс.

Фото: Freepik