Американскиот Сенат одобри дополнителна помош од 484 милијарди долари

54

Американскиот Сенат едногласно одобрил 484 милијарди долари дополнителна помош за американските компании и болници во борбата против коронавирусот.

Според Reuters, се очекува Претставничкиот дом на американскиот конгрес во четврток да гласа за предлог законот. Доколку биде усвоен, тој ќе стане четврт закон на САД во одговор на кризата на коронавирусот.

Сите четири закони предвидуваат вкупна помош во износ од околу три илјади милијарди долари во последните месец дена.

Американскиот претседател, Доналд Трамп го повикал Конгресот брзо да одобри мерка со која во голема мерка се проширува финансирањето на заемите за мали претпријатија, погодени од пандемија.

Предлог законот, кој го усвоил Сенатот, вклучува 321 милијарди долари помош за програмата за заем за мали претпријатија, 60 милијарди долари за посебна програма за заем за вонредна катастрофа, исто така, за малите претпријатија, како и 75 милијарди долари за болниците и 25 милијарди долари за тестирање за коронавирус на национално ниво.

Фото: Pexels