Американските акции паѓаат поради зголемувањето на приносите од државни обврзници и стравот од повисоки каматни стапки

Американските акции  паднаа, бидејќи приносите од државните обврзници продолжија да растат поради стравувањата на инвеститорите дека Федералните резерви (ФЕД) би можеле повторно да ги зголемат каматните стапки.

S/P 500 падна за 0,7 проценти, Nasdaq за 1,2 проценти, а Dow Jones изгуби 318 поени, или 0,6 проценти, објави CNBC.

Падот на берзите беше предводен од компаниите од секторите за комунални услуги, основни производи за широка потрошувачка и комуникациски услуги, при што сите три сектори бележат пад од повеќе од еден процент.

Берзите беа оптоварени од зголемувањето на приносите на американските државни обврзници откако најновите податоци за деловната активност покажаа посилен економски раст.

Според алатката CME FedWatch, веројатноста дека Федералните резерви ќе ја зголемат референтната каматна стапка за 0,25 процентни поени во октомври се зголеми на повеќе од 73 проценти, од 55,4 проценти еден ден претходно и 8,8 проценти пред еден месец.