
Американските акции пораснаа на отворањето вчера по извештаите за пониска од очекуваната инфлација, што би можело да обезбеди стимул за Федералните резерви (ФЕД) да ги намалат каматните стапки следниот месец.
Акциониот индекс Dow Jones порасна за 378 поени, или околу 0,9 проценти, S&P 500 за 0,6 проценти, како и Nasdaq, објави CNBC.
Податоците за инфлацијата ги растераа стравувањата кај инвеститорите кои стравуваа дека царинската политика на претседателот Доналд Трамп би можела да ги зголеми цените во американската економија.











