Американските акции пораснаа првенствено благодарение на скокот на вредноста на Apple

Американските акции пораснаа на отворањетo вчера, првенствено благодарение на скокот на вредноста на Apple, бидејќи инвеститорите чекаа можен крај на затворањето на владата на Соединетите Американски Држави, како и серија извештаи за заработката од големите компании и податоци за инфлацијата, кои се очекуваат во наредните денови.

Вредноста на берзанскиот индекс Dow Jones се зголеми за околу 401 поен, или за 0,9 проценти, S&P 500 за 1,0 процент, а Nasdaq за 1,4 проценти.

Компанијата Apple го предводеше растот на акциите, со скок на вредноста од два проценти, следејќи го трендот на зголемување на побарувачката за iPhone.