
Американските фабрики забележаа значителен пад на нарачките во јули. На месечно ниво тие изнесуваат 2,1 отсто, соопшти американското Министерство за трговија. Тоа беше првиот месечен пад на нарачките на фабриките во САД по четири месеци раст. Економистите очекуваа тој да биде уште поголем, 2,3 отсто.
Исклучувајќи ја транспортната опрема, нарачките во американскиот производствен сектор би се зголемиле за 0,8 отсто месечно во јули, откако пораснале за 0,3 отсто во јуни. Економистите проценуваат дека високите каматни стапки – кои американската централна банка одеднаш ги зголеми во борбата против високата инфлација – веќе вршат притисок врз продажбата на оваа опрема.
Истовремено, нарачките за трајни производи се намалени за 5,2 отсто, а за нетрајни производи се зголемени за 1,1 отсто. Нарачките за инвестициски стоки без воениот сектор и цивилното воздухопловство, што е добар показател за идните инвестициски одлуки на компаниите, се зголемени за 0,1 отсто во јули во однос на јуни.