
Американската федерална резерва (ФЕД) објави дека ја задржува референтната каматна стапка во опсег од 3,5 до 3,75 проценти, наведувајќи ја сè уште високата инфлација како главна причина.
Централната банка на САД соопшти дека инфлацијата е сè уште над целта од два проценти и покрај солидниот економски раст, давајќи малку индикации кога трошоците за позајмување би можеле повторно да паднат, објави Ројтерс.
Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC), кој донесува одлуки за монетарната политика на ФЕД, одлучи да ги задржи каматните стапки на стабилно ниво, по три последователни намалувања од по 0,25 проценти.
На Волстрит во среда, индексите на берзата останаа речиси непроменети, бидејќи по состанокот на лидерите на американската централна банка, не е појасно кога Фед би можел да ги намали каматните стапки.
Дау Џонс доби 0,02 проценти, на 49.015 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,01 процент, на 6.978 поени. Индексот Nasdaq, од друга страна, порасна за 0,17 проценти, на 23.857 поени.











