Ami One – индивидуален автомобил на Citroen

14

Фото: Youtube

Францускиот производител на автомобили, Citroen претстави концепт на индивидуален урбан превоз на иднината.

Станува збор за концептот Ami One, којшто е мал градски автомобил долг 2,5, широк 1,5 и висок, исто така, 1,5 метри. Овој индивидуален автомобил тежи 425 килограми.

Ami One ќе го движи електричен мотор, а ќе може да достигне максимална брзина од 45 километри на час. Со едно полнење ќе може да помине до 100 километри.